Перински: Со новиот Закон за локална самоуправа ќе може да се отповика градоначалник и ќе се воведе комунална полиција
На консултативен настан во Битола на кој учествуваа градоначалници од пелагонискиот и југозападниот регион, министерот Перински нагласи дека со новото законско решение ќе се модернизира актуелниот Закон за локална самоуправа.
Измените на законот за локална самоуправа предвидуваат можност за отповикување градоначалници пред истекот на нивниот мандат, со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалните функционери. Експертите нагласуваат дека оваа мерка треба да се применува според строго утврдени правила за да се избегнат злоупотреби.
„Ќе се обидеме преку консултативниот процес да изнајдеме оптимално законско решение. Ова ќе гарантира дека довербата или недовербата во градоначалниците ќе се одрази на начин кој нема да дозволи злоупотреби,“ изјави проф. д-р Александар Спасеновски, член на експертскиот тим кој работи на измените.
Овој процес и размислување за законски измени беше поттикнат од неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска.
Една од клучните измени е воведувањето на комунална полиција, која ќе биде задолжена за спроведување на комуналниот надзор.
„Надзорот ќе биде обврска за градоначалниците и ќе превенира девијантни појави, како несоодветно депонирање на отпад или уништување на урбана опрема. Ова ќе го заштити јавниот интерес и средствата што локалните самоуправи ги издвојуваат за овие цели,“ изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Комуналната полиција ќе функционира под ингеренции на локалната самоуправа и нема да зависи од желбите на општинските раководства.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.