Али Ахмети му врати на Зоран Заев премиер не се станува ниту со 46 пратеници!
Ниту со 46 пратеници не се станува премиер, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како реакција на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека не се станува премиер со 15 пратеници, колку што всушност има ДУИ.
-Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме. Секоја чекор што ќе го преземаме, ќе го направиме во интерес и корист на државата, мирот, стабилноста и унапредувањето на поголемите процеси, како што се Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, спроведувањто на законот за јазиците, борбата против криминалот и корупцијата. Но, во никој случај да не се избегнува од процесот на Ветинг. Секој ќе биде во партнерство со нас ако се согласув со овие точки. Вклучувајќи го и премиерот, изјави Ахмети за Коха.
Тој додава дека засега нема ништо конкретно во однос на разговорите за формирање на новото парламентарно мнозинство.