Грозоморно сведоштво: Вања клечела на колена кога и било пукано в глава одзади
Во извештајот од обдукција, во делот за резултатите од земените брисеви од леплива лента од устата на убиената Вања. било утврдено дека днк-то од лентата била од Вања и од Велибор Манев.
Обдукцијата покажала дека двете жртви – Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени, според материјалните докази кои Обвинителството на денешното продолжение на судски процес ги презентира пред судот и јавноста, пишува СДК.
Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска била жива кога било пукано во неа, кажа Обвинителството на денешното судско рочиште за убиството. Обдукциониот наод не покажал дека претходно била угушена. Пукано е од пола метар, одзади, понадесно. Таа се движела по кал пред да биде ликвидирана. Убиена е клечејќи. Имала кал под ноктите и стисок со врвот на патиките во истaта кал од под ноктите,
Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, обвинети за грабнување и убиство на свиреп начин на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, воопшто не поднеле докази за нивна одбрана.
Тие признаа вина дека се соучесници во двата страшни крвни деликта и ја однесоа полицијата кај телата на жртвите убиени, како што велат, од обвинетиот Љупчо Палевски.
Потоа беше наведен извештајот од обдукција, во делот за резултатите од земените брисеви од леплива лента од устата на убиената Вања. Утврдено било дека днк-то од лентата била од Вања и од Велибор Манев.
Од извештајот од обдукцијата на Панче Жежовски пак, произлегло дека смртта била насилна, му било пукано во главата.
Реагираше Љупчо Палевски дека обвинителката треба да каже и за вештачената церада во која бил завиткан Панче, т.е. дека отисоци и траги од него немало ни тука.
Обвинителките кажаа дека само изведуваат докази, а потоа ќе ги поврзат јасно и гласно на овој судски процес.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.