Уапсен е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој беше надвор од државата

Ексдиректорот на Електрани на Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во денешната акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е приведен, откако претходно нe беше достапен на органите на прогонот во земјава, објави „360 степени“.

Според изворите на „360 степени“ Стефанов се наоѓал во една соседна земја и денеска се вратил во земјава, откако дознал дека се бара во кривична постапка.

За истрагата се уште е недостапен претходникот на Стефанов на функцијата директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според премиерот во полициската акција се уапсени 23 лица.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.