Поскапуваат бензините, ова се новите цени на горивата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,351 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,709 ден/кг.
Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со прописите за акцизи. Во малопродажните цени утврдени со оваа Одлука содржани се: надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој Закон и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати.