КОВАЧЕВСКИ СЕПАК НЕ Е УАПСЕН, ОД ОКТОМВРИ КИДНАЛ ВО СТРАНСТВО Полицијата го бара за криминал во РЕК Битола
Васко Ковачевски, заедно со неговиот наследник во ЕСМ, Васко Стефанов и други лица се осомничени дека формирале злосторничко здружение и со злоупотреби се стекнале со противправна корист.
Васко Ковачевски, екс директор на ЕСМ и други тројца осомничени за тежок криминал во РЕК Битолa се недостапни за власта, дознава Курир. Меѓу нив е и екс директорот Стефанов. Според изворите, Ковачевски уште од септември ја напуштил Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија само дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.
Според првичните информации уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови. Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.
Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола. Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.
Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.