Мицкоски: Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра

Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда! Заедно за работа која носи дела!- објави Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, објави Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

-Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години, потенцира во објавата.

Тој додаде дека, мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани.

-Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда! Заедно за работа која носи дела!- објави Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.