Авионот Сухој Суперџет 100-95ЛР на руската компанија Азимут се запали при слетување на аеродромот во Анталија. Авионот летал на линијата од Сочи до Анталија, а пожарот избил во моторот. Авионот по слетувањето застанал на пистата, по што започнала евакуацијата на патниците.
Итните служби на аеродромот реагирале брзо и го изгаснале пожарот, додека сите 79 патници биле безбедно евакуирани.
По инцидентот, пистата на аеродромот во Анталија беше привремено затворена, што предизвика одложување на пристигнувањето на другите летови додека ситуацијата не се стави под контрола.
Во моментов се истражуваат причините за пожарот.
Breaking: Russian airline Azimuth appears to have one of its Sukhoi SuperJet 100 (which is a Russian manufactured short haul passenger jet) involved in an incident in Turkey — videos showing the aircraft on fire at Antalya Airport pic.twitter.com/5XUSwxXz5X
— Alex Macheras (@AlexInAir) November 24, 2024