СЕ БАРА ПРИТВОР: 15 годишно дете забоде НОЖ на свој врсник во автобус на ЈСП
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Истовремено, побара и мерка притвор за 15-годишникот.
На 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, почнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети.
Детето насилник, за кое се бара притвор, извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата, соопшти ОЈО Скопје.