Ново писмо од изутрина, не престануваат очајничките обиди на Ахмети да добие внимание

Мотивација и мобилизација на „најаденото и дебело“ членство пред претстојните локални избори, а не реален повик за протести, пренесе ТВ Алфа.

Ова, според дел од аналитичарите, се всушност заканите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во очај и страв ги упатува на адреса на власта, а ѝ самиот е свесен дека во редовите на партијата нема гладни и незадоволни членови коишто ќе излезат на улица. А Ахмети стана особено гласен заради одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе за примената на Законот за употреба на јазиците. Во меѓувреме, голем дел од членството на ДУИ се прелеа во ВЛЕН, а на стаклени нозе му се Кичево и Струга, со тамошниот градоначалник Мерко, па оттука Ахмети нема голем избор за обид на мобилизација на и онака распаднатата партиска структура.

Недозволиво е лидери на политички партии да му сугерираат на Уставниот суд како да одлучува, а уште помалку судот да потклекне пред заканите, појаснува Ристевски.

Изјавата на премиерот Мицкоски дека веќе навикнавме ДУИ да преставува фактор на нестабилност ги налути интегративците.

Упатија остри критики за политиката на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Според нив, власта сака да го избрише албанскиот јазик, да го отстрани срцето на Охридскиот договор и ја блокира интеграцијата на Македонија кон патот на ЕУ. Дотолку повеќе, во себе не гледаат никаква вина за создавање на биполарна држава и паралелни институции, напротив – за се тоа според Ахмети, виновна била актуелната гарнитура на Илинденска.

После 18 години за првпат ДУИ не е дел од владиниот колач и дејствува како опозиција. Партијата почна да се распаѓа уште со излегувањето на Изет Меџити сегашниот лидер на ВЛЕН, кој успеа да придобие голем дел од членството на ДУИ.