СКАНДАЛ БЕЗ ПРЕСЕДАН: Жерновски никогаш официјално не станал амбасадор во Романија, ама си АМБАСАДОРУВАЛ
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со амбасадорот на Македонија во Букурешт, алудурајќи на сериозни процедурални и администравнин процедури, истакна дека Андреј Жерновски не можел да биде отповикан, бидејќи тој официјално никогаш и не станал амбасадор.
Одговорот на новинарското прашање, Муцунски го даде на денешниот прес со министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг.
Неофицијално, според извори во МНР, и покрај тоа што Жерновски не ја испочутувал националната постапка за предавање акредитиви во Романија и официјално не бил назначен за амбасадор, тој подолг период престојувал во Букурешт и извршувал амбасадароска должност, што е спротивно на дипломатските протоколи.