Загина тракторист кај струмичко Баница

Претпладнево во селото Баница, кај Струмица во сообраќајка загина тракторист, а сопатникот кој се превезувал со него е повреден.

Oд СВР Струмица информираа дека денеска околу 09:45 часот се случила сообраќајната несреќа меѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски таблички управувано од Л.Р.(72) од село Вељуса и трактор „ИМТ 539“ управувано од починатиот Д.С.(43) од село Баница.

– Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица – информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.