Шилегов, Таче, Зечевиќ, Богоев, Бисера,Славјанка…никој не му дојде на Филипче на седницата на Централниот одбор на СДСМ
Седницата на Централниот одбор на СДСМ, одржана синоќа и на која е одлучено да се одржи конгрес за избор на ново раководство и за нови политики и да се воведат функции двајца организациски секретари, била вистински фијаско за партискиот лидер Венко Филипче.
Од фотографиите се гледа дека на седницата не дошле поранешниот лидер Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, досегашните потпретседатели Стефан Богоев и Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката Славјанка Петровска, Андреј Петров, Петре Шилегов и многу други битни „фаци“.
Фипипче на масата беше само со стручните служби и синот на досегашниот амбасдадор во ОН Љубомир Фрчкоски, Јон. Филипче засега не го напушта единствено Фатмир Битиќи.