ВУЧИЌ ПОТВРДИ: И Македонец е меѓу жртвите во несреќата во Нови Сад
Едно лице од Македонија загинало во несреќата во Нови Сад, каде денеска се урна натстрешница на Железничка станица.
Веста ја потврди српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Србија, едно е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме се за да ја минимизираме штетата и што е можно повеќе да им помогнеме на луѓето кои ги загубија своите најблиски“, рече претседателот.
Од час во час, бројот на жртви расте.