Ковачевски и Османи ДОЗВОЛИЛЕ ИДЕНТИЕТ И ИСТОРИЈА ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА: „Мислеа ќе испорачаат“

„Бев во МНР и потоа заминав во секретаријатот на Европските прашања во обид да имам поголемо влијаниена домашната агента. Можеби тоа беше погрешен чекор. Од оваа ретроспектива веројатно беше грешка. Ептен избувна ова прашање за Бугарија и еве како се реши, односно не се реши – вели поранешниот МНР Никола Димитров на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Според него причина за нерешавање на ова прашање е полиртиката на неговиот наследник Бујар Османи.

Политиката на Бујар Османи била погрешна. Политиката, решенијата, како ова го играше… Ние имавме ситуација кога Бугарија се жалеше дури и јавно како може да се повеќе солидари со земја кандидат, кога ние седиме со вас на маса, ние сме земја кандидат. До таму дојде дој период бидејќи е сосем неразбирлива политиката кон нас. Не дека ние бевме повешти од нив или поважни од нив. Ама политиката им е исклучително погрешна и суштински неевропска.И со Лисабонскиот договор кој што вика ние се гордееме со сите јазици во Европа – вели Димитров.

На прашањето дали е во право премиерот Мицкоски кога вели дека претходните челници климале само со главата во Брисел и дека ветувале дека ќе испорачаат нешто кое не може да се испорача, Димитров одговори:

Јас поради ова прашање се раздвоив од минатата власт. Јас го правев тоа во кое верував и имав разлики кои јавно се кажуваа додека бев во Владата. Претскажав што ќе биде, и тоа се случи. Голема е одговорноста на тогашните одлучувачи затоа што атмосферата беше дека земјите членки самите ни велеа: Никола и за нас е црвена линија пристапниот процес да го чуваме, и да нема билатерални прашања за историја и идентитет, тоа ќе биде проширување на пандорината кутија“, рече Димитров.

Запрашан кој дозволи тоа да биде вметнато во процесот, односно историјата и идентитетот, тој вели:

„Клучните луѓе кои беа вклучени во овој процес. Ова се случуваше кога беа Ковачевски и Османи, и кога јас се јавував да ги предупредувам, одговорот беше: „ама твојата влада прифати“. И тие мислеа дека ќе испорачаат. Имав проблем со францускиот предлог, и ете ја таа ситуација се покажа како точна“, рече Димитров.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.