Полицијата уапси МОНСТРУМ во Битола: ТАТКО СЕКОЈДНЕВНО ГИ ТЕПАЛ ТРИТЕ МАЛИ ДЕЦА, ЕДНОТО ОТИШЛО ПОВРЕДЕНО ВО ШКОЛО
Полицијата во Битола уапси насилник кој секојдневно ги тепал и ги малтретирал своите три мали деца.
Насилството е откриено откако едно од децата отишло повредено на училиште.
Надлежните од училиштето го известило Центарот за социјални работи, по што била информирана и полицијата.
„На 29.10.2024 во 16.50 часот, во СВР Битола претставници од Центарот за социјални грижи пријавиле дека од основно училиште во Битола до нив стигнало известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди. Од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со сите нејзини три нејзини деца, ученици во второ, четврто и во осмо одделение. Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал. Од страна на полициски службеници од СВР Битола на 29.10.2024 во 20 часот е лишен е од слобода Џ.Е.(43) од Битола“, соопшти полицијата.
Против насилникот е поднесена кривична пријава по член 201 од Кривичниот закон за запуштање и малтретирање на малолетно дете.
За ова дело е пропишана казна затвор од најмалку пет години.