Му пукале во нога додека пешачел: МВР со детали за ужасот во Чаир, ова е можната причина

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Денеска (14.10.2024) околу 18:10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата.

-Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни односи, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Алсат јавува дека пукањето било пред општина Чаир.

Сведоците на случајот за Алсат велат дека се работи за тепачка со пиштоли и ножеви. Бројот на повредени не е познат, но тие се веќе пренесени да им биде укажана прва помош.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.