Милевски кон фудбалерите по победата над Ерменија: Вие не сте нормални! (ВИДЕО)

Македонија ја совлада Ерменија и речиси сигурно ќе игра во разигрувањето за следното Светко првенство. Вечерва во Ереван со головите на Миовски и Алими ја совлада ерменската репрезентација и се пласираше во Б групата од Лигата на нации што е на чекор од најдобите.

Македонија не покажа којзнае што на овој меч, но покажа зрелост, стрпливост.Одбраната беше сигурно, Димитриевски со „чиста мрежа“ а во Миовски добивме гол играч како што сме немале од времето на Дарко Панчев.

Македонија следните два меча ќе ги играме дома следниот месец против Летонија и Фарските острови на кои ќе треба да го потврдиме првото место во Ц групата.

Атмосферата во соблекувалната на македонската репрезентација по победата над Ерменија беше славеничка, а бурата започна по една кратка изјава на селекторот.

Милевски им рече на фудбалерите: „Вие не сте нормални“, по што почна големото славје на фудбалерите во соблекувалната.

Победата над Ерменија значи дека на Македонија и е потребен само уште еден чекор до Б-дивизијата кој треба да го направиме на ноемвриските дуели со Фарски Острови и Летонија. Нешто што би требало да биде формалност.