Денеска сите навиваме за Македонија

Енис Барди има убави спомени од пресметката против Летонија во 2019, во натпревар од квалификациите за ЕП 2020, Македонија славеше со 0-2, а фудбалерот од средниот ред се запиша во листата на стрелци заедно со Горан Пандев.

„Како и секогаш, одгворноста е кај секој од нас. Јас ќе го дадам најдоброто од себе, па дај Боже да биде како пред пет години“ – вели капитенот на македонската репрезентација.

„Помина грипот, добро се чувствувам и сум максимално подготвен за настап“.

„Кога играте под притисок за докажување, секогаш од себе вадите максимален квалитет. Притисокот треба секогаш да го чувствуваме и треба да најдеме начин да го дадеме најдоброто од себе“.

На списокот на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски.

Одбрана: Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Ахмед Иљазовски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски.

Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Агон Елези, Тихомир Костадинов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски.

Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили, Димитар Митровски, Кристијан Трапановски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.