Кениецот Чемвено победник на 20. Виз Ер Скопски маратон

Хилари Чемвено од Кенија е победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Тој патеката долга 42 км и 195 метри ја истрча за два часа 13 минути и 28 секунди.

Второто место го освои уште еден Кениец, Даниел Кипротич, кој на целта стигна со време 2:13:53.

Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:16:26 часа.

Чемвено е деветтиот победник од Кенија на Скопскиот маратон.

Во женската маратонска трка победи Ирине Џеруто од Кенија со време 2:37:52, пред Македонката Адријана Поп Арсова со време 2:39:38, додека трета е Вилијан Џелагат од Кенија со време

Резултати на најдобрите во двете конкуренции на полумаратонот (21 км):

Мажи:

1.Хусеин Чан (Турција) 1 час 5 минути и 54 секунди

2.Мурат Емектар (Турција) 1:06:40

3.Абдурахман Гедиклиоглу (Турција) 1:09:47

Жени:

1.Милица Мирчева (Бугарија) 1 час 15 минути и 49 секунди

2.Греша Бакрачи (Косово) 1:21:14

3.Џули Ларсен (Норвешка) 1:22:04

Најуспешни во трката на 5км:

Мажи:

1.Гилман Јонузи 15 минути 45 секунди

2.Григоријан Никовски 15 минути 54 секунди

3.Бојан Чаприќ 16 минути и 16 секунди

Жени:

1.Ирма Хајдари 18 минути 31 секунда

2.Дарија Крстевска 19 минути и 38 секунди

3.Христина Секулоска 20 минути и 37 секунди