АХМЕТИ СЕГА НЕ САКА ВО ОВАА ВЛАДА, не бил резервна гума

ДУИ и Европскиот фронт сега не сака да биде во влада со ВМРО-ДПМНЕ иако и за време на кампањата, но и после изборите викаа дека токму тие требало да бидат партнерот од албанскиот политички блок, во влада. ДУИ веќе три месеци на сите настапи кажува дека тие биле легитимниот претставник, победник кој треба да е во влада, а сега не сакале да се замена за Вреди.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, денеска на конференцијата „100 дена скандали, понижувања и неуспеси“, изјави дека Европскиот фронт не е заинтересиран да стане дел од Владата, бидејќи, како што додаде, тие не се резервна гума.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.