Над 30 лица во болница по пожарот во Чаир – над 80 евакуирани од покривот
Вкупно 30 лица побарале помош во скопскиот Клинички центар по пожарот кон ноќеска околу 2 часот избил во зграда во скопски Чаир. Според последните информации кои ги добивме од Клиниката за Токискологија таму во моментов на опсервација се задржани 4 лица кои биле повозрасни па докторите се претпазливи и не сакаат да се случат некакви компликации.
Според информациите од терен, околу 80 лица со пожарникарската корпа биле евакуирани од покривот на зградата каде побегнале откако густиот дим се проширил од подрумот. Таму се запалил магацин на фирма која што продава расвета и многу пластични матеирјали поради што остриот мирис се чувствуваше на повеќе локации во Скопје.
На 02.10.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на ул. „Серава“ во Скопје. На лице место упатена е екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Поради вдишување на чад до 06.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник. Во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираше МВР.
Од ЦУК информираат дека БППЗ на Град Скопје имала поголема интервенција во урбана средина, поточно, во периодот од 01.50 часот гаснеле запален магацин на неутврдена површина на ул. „Прохор Пчински“ во Скопје. Интервенцијата ја извршувале со 7 возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои ко гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад (Општина Чаир). Во тек интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани. БППЗ на Град Скопје се уште интервенира ги извлекува станарите, во моментот на информирањево, и по интервенцијата ќе излезе со официјални податоци.