Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации и за други луѓе, а никој ништо не знае!

Осомничените за убиството на Вања копалe дупки низ Македонија, една година пред да се случи ликвидацијата. Ова во поткастот „Претрес“ го тврди адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го брани таткото Александар Ѓорчевски во судскиот процес.

Според него, како можело ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за случајот со двете убиства да седне и напише дури пресуда, а службите да не знаат што правеле овие лица цела година претходно.

Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае!, вели Туфегџиќ.

Aдвокатот Туфегџиќ зборуваше и за мотивот на убиството.