Мицкоски за одвојувањето на Македонија: Се испраќа лоша порака, само се изживуваат врз нас

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше информацијата дека Албанија ќе ги започне преговорите со ЕУ на 15-ти октомври и отворање на првиот кластер, додека Македонија и понатаму ќе биде условена со Преговарачката рамка, односно внесувањето на Бугарите во Уставот. Според премиерот, тоа веројатно ќе се случи и уште кога беше во посета на Брисел, било соопштено и кажано.

Се испраќа лоша порака кон македонските граѓани затоа што како држава имаме поминато многу откако го почнавме патот кон полноправно членство во ЕУ. Многу работи кои никој не ги направил, а ние ги направивме, а немаат никаква врска со Копехашките критериуми. Ние сме единствен случај во кој билатерлани договори се услови во Преговарачка рамка. Жалам што претходната Влада егзибиционистички прифаќаше се и мавташе со европско знаме, а го ограбуваше народот. Гледаме дека состојбата е таква каква што е. Го делам впечатокот со огромно мнозинсто македонски граѓани дека не треба повеќе врз основа на национални отстапки, без гаранции, да прифаќаме услови. За мене ова е диктат. Ако ова е условот за Македонија, тогаш не благодарам. Тоа не се европски вредности – рече Мицкоски при посетата на Фондот за здравствено осигурување.

За Мицкоски, очигледно е дека немаме решение за уставните измени.

Ова го имам дискутирани и со австрискиот министер (за надворешни работи) Шаленберг. Доста е веќе двојни стандарди врз грбот на оваа мала држава. Само се изживуваат со нас. Сакаме да преговараме. Што е толку тешко да с еприфати нашиот предлог и овие уставни измени да бидат ефективни кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за нас во ЕУ. Очигледно дека некој нема чесни намери – истакна премиерот.