Божиновска: Се откажав од бугарското државјанство, СЕГА ИМАМ ЧЕШКИ ПАСОШ, НИКОЈ НЕ ПРАШУВА ЗОШТО
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, имала, но се откажала од бугарското државјанство, додека има активно чешко и македонско државјанство, откри таа во гостување во Бизнис муабети.
„Во еден период од животот како и многу македонци сум имала бугарски пасош. Мислам дека сум една од ретките што се откажала од бугарското државјанство и немам повеќе валидна патничка исправа ниту лична карта. Имам и чешки пасош и никој не прашува зошто имам чешки пасош“, вели Божиновска.
View this post on Instagram