Иницирана ПОСТАПКА ЗА ПАЈАЗИТ ПАЈАЗИТИ судијата кој му додели домашен притвор на бегалецот Рамадани

За судијата Пајазит Пајазити кој му додели домашен притвор на косовецот Блерим Рамадани кој потоа избега од државава, е иницирана постапка за утврдување на одговорност.  

Телма објави дека поради тајноста на постапката од судски не добивле официјална потврда но според извори членот на советот Александар Камбовски  поднел барање за поведување на постапка поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција на Пајазити.

Камбовски беше претседател на работната група која имаше за задача да ги утврди фактите во овој случај, а потоа на седница на почетокот на месецот судски го разгледуваше овој извештај но е и координатор за Кривичниот суд.

Станува збор за неправосилна постапка поврзана со екстрадиција, која е се уште во тек, а дополнително станува збор за решение кое е дел од предмет кој во моментов е на надлежно постпаување пред судскиот совет. Поради тоа не може да Ви се обезбеди копија од решението, а по завршување на целокупната постапка можете да побарате увид во предмето  во чии списи се наоѓа и решението за притвор, велат од Кривичен.

Пајазити првично му определил притвор на Рамадани во постпака за екстрадиција откако беше приведен по потерница на Интерпол. Неколку дена подоцна на барање на одбраната Пајазити му го заменил со домашниот притвор- мерка која требало да ја издржува кај роднини во Скопје.

Обвинителството се жалело, кривчниот совет одлучил да го врати во Шутка но во меѓувреме Рамадани избегал. Кривчен совет одчучил дека не се исполнети условите Рамадани да и биде испорачан на Србија но Врховен им го укина решението и им го врати предметот назад.

Главната забелешка се однесува на тоа што Кривичен не одбразложил зошто прифатил постапката за екстрадиција на Рамадани која почнала како скратена  да продолжи да се води како редовна постапка.

Пајазит Пајазит е и судијата кој се спогоди со Иџет Мемети за условна казна

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.