Зијадин Села БАРА ПРОМЕНА НА ХИМНАТА, бара Албанци да се пеат (ВИДЕО)

Зијадин Села, пратеникот од коалицијата Европски Фронт предводена од ДУИ, бара да се промени химната.

Тој во гостување на поткастот на новинарот Кристијан Ландов, Зијадин Села вели дека химната на Македонија треба да се менува затоа што сега каква што е не ги одразува сите граѓани.

Според него, има и други етнички заедници кои не се претставени во химната. На прашањето кого би додал, вели Дервиш Цара кој го ослободил Скопје или пак Ибраим Темо кој е преродбеник, но за кој не сакаше да каже што направил за Македонија, бидејќи не бил на час по историја.

Му пречи тоа што во химната немало ниту еден збор на албански и на другите јазици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristijan Landov (@kristijanlandov)