Лажниот лекар од Вевчани осуден на затворска казна и докторка во Гевгелија лекувала пациенти без диплома

Две години и десет месеци казна затвор за 35 годишниот Иван Коруноски на кој вевчанци 6 години му го доверуваа сопственото здравје за тој да си игра лекар со лажна диплома-сега наместо во ординација,тој ќе заврши во затворска келија. Коруноски кој се товари за две кривични дела надрилекарство и измама, со одлука на Охридскиот основен суд, ќе се смести зад решетки. Во моментов тече рокот на жалба која обвинетиот ја поднесе пред битолска апелација.

Според обвинението,тој го фалсификувалуверението за положени испити на факултет за медицински науки во Штип,изготвил и лажна лиценца од Лекарската комора и конкурирал за доктор во вевчанскиот Здравствен дом, каде бил примен во 2018-та година.Претходно 2 години работел со договор на дело, со што го довел во ризик здравјето на пациентите. За злоупотреба на службената положба и овластување, на обвинителна клупа се најде и поранешниот директор на Здравствениот дом во Вевчани,Јован Стојкоски.Нему му е изречена условна затворска казна доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело.

И ова не е единствениот случај,новиот скандал со докторка од Гевгелија која 7 години лекувала пациенти без завршен медицински факултет,предизвика силни реакции.

Ова е недопустливо нешто, ваква хаотичност,ваква незаконитост не смее да се допушти.На пат сме кон провалијата и затоа ситуациите кои што ги гледаме во здравството, кои што ги имаме во правосудството, не тераат добро да се размисли и добро да се преструктуираат и да се прават чистки во сите институции. Ако сме нормална држава треба ригорозно казнени мерки и да се види дали имаме и други вакви случаеви,тоа треба да се испита од страна на Здравствениот и санитарен инспекторат”-вели Ѓорѓи Илиевски-просветен инспектор

Лажната докторкаво гевгелиската општа болница била вработена од 2016 година, сомнежот се јавил кога таа побарала од Лекарската комора лицанца за лекар специјалист анестезиолог.Доставеното уверение за завршен медицински факултет датирало од 2023-та,нејасно било како докторката за неколку месеци завршила специјализација која трае пет години.

По препорака од Лекарската комора, болницата во Гевгелија и го одземала специјалистичкиот стаж и добила отказ. Таа треба да врати околу 120 илјади евра, кои болницата и ги плаќала по основ на плати и за нејзините специјалистички студии.Од ОЈО за Алфа велат дека го следат целиот случај со лажнатата лекарка од Гевгелија. Познавачите на приликите сугерираат доколку се откријат и други лажни лекари, да не им се дозволи да се дошколуваат ,да им се одземе правото да завршат на нити еден медицински факултет во земјава.Не смее  велат луѓе со спорни дипломи да се учат и вежбаат на пациенти.

Извор: Алфа ТВ

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.