Директорите од СДС и ДУИ во јавните здравствени установи набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО

Времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Здравството со СДС и ДУИ колабираше. Клиниките и болниците, пациентите и лекарите на свој грб ја осетија криминогеноста на СДС и ДУИ, кои наместо здравјето на граѓаните го ставаа личниот профит во преден план, обвинува Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според информациите кои ги имаме, а според извршените контроли од ФЗОМ и другите надлежни институции нотирани се бројни самоволија во здравствените установи, кои очигледно често биле резултат на личен интерес. При контролите констатирани се набавки на лекови кои не се на листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот за здравствено осигурување, на кој министерот за здравство дава согласност, но за истите ЈЗУ нема обезбедено претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот и тоа во следниве ЈЗУ: Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Струга, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Општа болница – Струга, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, вели тој.

Стојаноски посочува дека злоупотреби се правени и во делот на дежурствата.

-Имено при контролите евидентиран е случај во ЈЗУ, каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство, но на контролата не и е дадена на увид согласност од Министерство за здравство, за обезбедување непрекинато вршење здравствена дејност со работа со дежурство во: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Општа болница – Струмица. Одговорните лица во здравството од СДС и ДУИ се однесувале како клиниките и болниците да се нивна своина, без да водат грижа за вработените, средствата и пациентите. Времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.