Функционери од ДУИ станале ГАЗДИ НА ЗЕМЈИШТЕ НА ТРАСАТА НА АВТОПАТОТ ЗА БЛАЦЕ кој требаше да чини 240 МИЛИОНИ ЕВРА

Функционери од врвот на ДУИ станале сопственици на земјиште каде што се цртала новата траса за автопатот Скопје Блаце, открива вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски во интервју за „Фокус“,говори за главните проекти што влегуваат во негова ресорска надлежност, откривајќи нови информации и изнесувајќи сериозни наводи во врска со надзорот над автопатските делнции што (треба да) ги гради „Бехтел-Енка“, за автопатската траса кон Блаце, за пругата кон Бугарија…

Инаку, Николоски пред една недела откри дека мината власт предводена од ДУИ и СДСМ предвидела 12 километри од автопатот Скопје – Блаце да чинат неверојатни 240 милиони евра.

– Станува збор за одбрана нова планинска траса од 12 километри, од кои шест километри се тунели. Вредноста е 240 милиони евра, 20 милиони по километар.  Се прави ревизија со „Државни патишта“ да видиме дали е изводлив овој проект, да видиме дали сепак би можеле да ја користиме постојната траса, рече Николоски.

Според ова тој најави редивидирање на проектот.

Тој дополни дека средствата од кредиторот ЕБОР не се доволни за да се изгради автопатот по оваа цена.

Ова прв пат го кажувам во јавност. За месец и половина очекувам да излеземе со решение, додаде Николоски

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.