ИМ ЗАВРШИЈА ДРЖАВНИТЕ ФУНКЦИИ ПА СЕ ФОТОГРАФИРАА ОД РАБОТНИТЕ МЕСТА: Филипче отишол до таму што се гледаат личните податоци на пациентката

По завршувањето на изборите и по формирањето на новата Влада, претседателот на СДСМ, Венко Филипче освен партиските функции, продолжи да си ја врши својата работа на Клиниката за неврологија, од каде објави селфи фотографија со негова колешка, каде се гледа дека се подготвува за операција.

Но консултантот Анте Поповски обвинува дека објавата на Филипче на фотографија на која може да се види името, датумот на раѓање и дијагнозата на пациентката е грубо кршење на приватноста на осигуреникот.

„Дали би биле среќни да ги видите своите лични податоци на профилот на вашиот доктор!?, прашува Поповски алудирајќи на објавата на Филипче. ,,**Оригиналната фотографија, објавена на ФБ профил, ги содржи јасно видливи и читливи лични податоци на пациентот – име и презиме, пол, датум на раѓање, институцијата каде е извршен прегледот, а од дијагностичкиот материјал може да се проценува здравствената состојба на пациентот.

,,ТРИВИЈАЛНА САМОПРОМОЦИЈА на сметка на пациентот претставува сериозно нарушување на довербата во здравствената институција и целиот здравствен систем. Откривањето на лични идентификациски податоци (ЛИП) на пациент, било од невнимание или негрижа, е тежок прекршок кој ги нарушува правата и безбедноста на пациентот. Она што ја прави ситуацијата уште поалармантна е фактот што сето ова доаѓа од личност која во некоја идна претпоставена ситуација би можела да биде на чело на истиот систем.

Овие девијации секогаш се системски индикатор за ниско ниво на квалитет на здравствената услуга и во развиените здравствени системи ваквата ‘ноншалантност’ би се сметала за скандал и со сигурност би резултирала со темелна административна постапка”, пишува Поповски.

Неговиот колега од ДУИ, кој исто така во моментов нема државна функција, Бујар Османи, исто така објави фотографија од неговото работно место. Тој е хирург на Клиниката за дигестивна хирургија, каде се врати на својата професија.