Расправија во џамија заврши крваво- прободено лице кое му се заканувало на градоначалникот на Желино
Денеска (30.08.2024) во 14.15 часот О.И. (36) од с.Стримница, тетовско, самиот се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото Стримница со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од с.Стримница.
Ф.Б. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал Б.С. (34), градоначалник на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што се дал во бегство.
Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б..
СВР Тетово во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот