Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ
Во состав на владината делегација се и министрите за образование и наука, за здравство и за надворешни работи.
Денеска сум во официјална посета на Република Хрватска, кадешто остварив средба со Премиерот, Андреј Пленковиќ, напиша премиерот Христијан Мицкоски.
Фокус на разговорите е евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка, како и предизвиците на патот кон интеграција на земјите од Западен Балкан.
На средбата потпишавме неколку договори за соработка помеѓу двете Влади, меѓу кои во сферата на образованието и здравството.
Премирот на Хрватска, Пленковиќ посочи дека ова ја зајакнува билатералната соработка меѓу двете земји.
Пленковиќ посочи дека дел од заедничката изјава е интензивирање на трговијата и посочи дека таа околу 300 милиони евра напомена повеќе компании како Кончар и додаде дека Хрватска е спремна да сподели искуство за што побрзи преговори на Македонија со ЕУ.
Мислам дека премногу имаше неправди кон Македонија, рече тој.