До темел изгоре фабриката „Ником“ во Кавадарци
До темел изгоре кавадаречката фирма „Ником“. Пожарот во оваа фирма која произведува дрвена амбалажа, палета и пелети, избувнал вчера во вечерните часови, а бил локализиран во еден часот и триесет минути по полноќ. Денеска, се уште догоруваат некои од запалените материјали. Дека гори фабриката, на службите им јавил чуварот.
За среќа нема човечки жртви, но причинета е голема материјална штета. Иако интервенирале екипи на противпожарната од Кавадарци, Велес и Неготино, сепак огнената стихија била побрза и помоќна од бројната жива сила. Огнот пустошел се во пиланата, вклучувајќи ја и огромната механизација и машините
Глетката била сериозна и страотна, а стихиите се заканувале и на околните фирми.
Екипите ќе дежураат до понеделник на терен, во случај на нови непредвидени жаришта.
НИКОМ е семејна фабрика, основана во 1993 год.