СДС лажат и ловат во матно, го спасуваат Пајазити кој е виновен за бегството на Рамадани и сакаат да сокријат скандал дека приведените за убиството кај Мавровка избегале од затвор во нивно време

Самиот факт што СДС фамозните наводи ги презентираат во прашална форма говори дека се свесни дека лажат и ловат во матно. Жално е да се гледа како СДС панично се обидуваат да го заштитат Пајазит Пајазити, кој е единствено одговорен зошто сега Блерим Рамадани е на слобода. Да изречеше Пајазити затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка – рече пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот Рамадани.

Според Петрушевски покрај спасот на Пајазити, СДСM сакаат да прикријат огромен скандал за кој се виновни тие.

А тоа е фактот дека двајцата избегани од затвор приведени за убиството кај Мавровка се избегани во нивно време. Е.К. првиот од приведените е избеган од Идризово на 15.04.2024 година, а А.К. вториот од приведените е избеган од Шутка на 22.07.2024 година, два дена пред смената на директорот на оваа установа – вели Петрушевски.

Петрушевски праша „дали се ова беше планирано во СДСM и дали намерно пуштиле од затвор да избегаат лицата кои сега се приведени за убиство?“

СДС сака да создаде хаос, но тоа не поминува. Институциите постапуваат експресно и одговорност ќе има за секој еден – заклучи Петрушевски.