Украинците ја нападнаа Москва: Еден од најголемите удари на руската престолнина досега

Руските сили за воздушна одбрана соборија 10 беспилотни летала кои летаа кон Москва во текот на ноќта и наутро, а ова е еден од најголемите обиди за напад на главниот град на Русија со дронови досега, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Претходно, градоначалникот на Москва на Телеграм објави осум соборени дронови во Московскиот регион, пренесува РИА Новости.

Гувернерот на руската област Брјанск, Александар Богомаз, утринава пријавил седум соборени дронови над тој регион, пренесува Интерфакс.

Во рок од еден час, силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана на Руската Федерација открија и уништија седум дронови од типот на авиони“, напиша тој на својот канал Телеграм.

Богомаз додаде дека нема жртви или разурнувања.
Речиси секој ден Украина се обидува да користи беспилотни летала за да нападне цели во пограничните и централните региони на Русија.