УБИСТВО КАЈ МАВРОВКА (ВИДЕО)
Едно лице е убиено пред трговскиот центар Мавровка од засега непознати лица. По убиството сторителите се дале во бегство а кога полицијата се обидела да ги уапси тие отвориле оган и кон полицијата, но нема повредени припадници на МВР. Според првичните информации, убиството го извршиле 4 лица.
Потрагата по нив сѐ уште трае.
Ова е втора престрелка во последните 24 часа. Синоќа во населбата Ченто, едно лице беше повредено и пренесено во клинички центар.
На бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат“ со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР.