„Потсетување дека нас никој не нѐ ослободувал, TУКУ САМИ СЕ ОСЛОБОДИВМЕ“

Претседателката Сиљановска Давкова оддаде признание на припадниците на Армијата за нивното дисциплинирано, совесно и одговорно извршување на воените должности, како дома, така и во странство, преку учество во бројни мировни мисии. Претседателката особено ја истакна посветеноста на Армијата во поддршката на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби, како што се пожарите на територијата на целата држава, секогаш правејќи го тоа професионално и пожртвувано и поради тоа, како што нагласи, Армијата континуирано ужива највисока доверба кај македонските граѓани.

„Ви го честитам денешниов ваш и наш празник – 18 Август, Денот на Армијата. Овој празник е потсетување дека нас никој не нѐ ослободувал, туку сами се ослободивме. Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народно – ослободителна борба.

Како претседателка на Републиката, како врховна командантка на вооружените сили, но и како партизанска ќерка, стојам пред вас, горда на вас, наследниците на партизаните. Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на армијата сте вистинските чувари на наследството – слободната македонска држава, која пред 80 години, на АСНОМ, ни ја оставија нашите храбри предци.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.