Мицкоски од Сопиште: Имаме одговорна задача, да поправиме се што срушија претходно и да донесеме решенија за секому
Премиерот Христијан Мицкоски вчеравечер беш во Сопиште каде Општинскиот Комитет слави 34 години од формирањето.
– Вечерва бев во Сопиште каде Општинскиот Комитет слави 34 години од формирањето.
Заедно годиниве поминавме низ многу предизвици и борби. Борбата и денес трае, за силна, просперитетна Македонија со иднина за сите луѓе.
Имаме одговорна задача, да поправиме се што срушија претходно и да донесеме решенија за секому.
Не ветив дека ќе биде лесно, но со силата, поддршката и енергијата на народот ќе победиме. За секој еден човек, за иднината за сите, вели Мицкоски.