„Македонско девојче“ ечеше во центарот на Париз. Српските кошаркари изнајмија и пејач на народни песни, да ги забавува додека славеа во кафуле во главниот град на Франција.
Селекторот Пешиќ го зеде микрофонот, ја прекина парадата на српски хитови и ја запеа „Македонско девојче“. Никола Јокиќ се качи на столче и заедно со останатите кошаркари, сите пееја „нема, нема, не ќе се роди…“