Зоран Бојаровски, левото крило на СДСМ, владиниот советник на Заев пресоблечен во новинар!
Пишува Јован Ване Петров
Во државата има редок вид на печурки. Тоа се од оние кои кога СДСМ е на власт и кои редовно презимуваат длабоко пикнати под земјата, удобно сместени во државни јасли. Секогаш знаат како треба, но си молчат, затоа што ако зборат ќе ги извадат од тие јасли кои живот значат.
Нивната употребна вредност им стапува на сцена кога ќе падне СДСМ од власт, не затоа што им е гајле за СДСМ, туку само затоа што егзистенцијата на овој ендемски вид е загрозена. Така и со Бојаровски. Човекот беше владин советник на Заев, аплаудираше на Нивици, Договор со Бугарија, тендери во Рек, модуларна болница на Венко, молчеше за марихуаната на Заеви, хациендата на Филипче на Водно, пасошите за мафијаши на Спасовски…. но откако СДСМ падна од власт има став за приходите од царина, има став и за директорката на ИПА Фодновите, веднаш е загрижен за новинарските стандарди и редица други банални работи.
Додека за добрите, неговата глава како ној е пикната во земја и не гледа кога има инвестиции, кога има кривична за внучето на Али, кога бројот на директори кои како пупка Заев ги расвета сега се намалува, кога се вработуваат специјализанти во клиниките истите оние кои Таче им викаше дека ќе чекаат за работа зошто имало ред во неговата влада. Кога СДС е во опозиција редовно има став за власта, и е независен новинар, најдобар и белосветски аналитичар.
Овој Бојаровски е само фронтменот, но има и уште поскапи печурки. Тоа се оние џабирите кои се утепаа пари и грантови добивање кои кога СДСМ е на власт живеат грофовски живот, ама во опозиција се Чегевари. Ете овие печурки највеќе смрдат кога ќе им помине времето.