Младите македонски кошаркари кои освоија злато, Владата ги награди со 3 милиони денари
Младите македонски кошаркари кои станаа европски прваци во Б-дивизијата, ќе добијат награда од 3 милиони денари од македонската влада.
На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство.
Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција, соопшти премиерот Мицкоски.