ЗЛАТНИ ЈУНИОРИ – прво злато за македонската кошарка, победнички испеана македонската химна од грлата на македонските кошаркари (ВИДЕО)
Низ сите мечеви, а особено денеска во финалето, главен лидер на тимот беше Никола Јаничиќ. Постигна 30 поени и сосема заслужено се закити со признанието МВП, најдобар играч на првенството. Во идеалната петорка, покрај него, е избран и Марко Луканоски
Јуниорската репрезентација на Македонија се закити со титулата на Европското Првенство – Б дивизија што се одржа во Скопје, откако победничка серија ја продолжија и на денешното финале против Австрија, триумфирајќи со конечни 98-88.
Со победата, оваа генерација кошаркари по две години пак се враќа во европската елита.
За младинските селекции на Македонија ова беше четврто финале во натпреварувањата од „Б“ дивизијата и прв трофеј.
Во чест на успехот се интонираше македонската химна „Денес над Македонија“ во СЦ „Борис Трајковски“ која одекна од нашите кошаркари кои ја испеаја во еден глас