Двајца малолетници силувале девојче, чинот го снимиле со телефон, па ја уценувале

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во текот на септември 2023 во катна гаража на подрачјето на Центар во Скопје извршиле обљуба врз малолетничка од Скопје.

Тие ќе се гонат и затоа што случајот го снимале со мобилен телефон, по што и се заканиле дека снимката ќе ја објават на социјални мрежи.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.