СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ НА ОЛИМПИЈАДАТА ПО ХЕМИЈА ВО САУДИСКА АРАБИЈA

Македонските средношколци освоија едно сребро и една бронза на Хемиската олимпијада, што се одржа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Демонстрирајќи ги своите знаења и вештини, Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ се закити со сребрен медал, додека неговиот врсник Марио Ванчоски од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ го освои третото место.

Блиску до медали биле и останатите македонски натпреварувачи, Иван Костевски од гимназијата во Штип и Елена Живаљевиќ од ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. На Олимпијадата имало 350 учесници од 90 држави.

„Со менторите од Скопје и со професорите од нашите училишта долго време се подготвувавме за сите претходни, а најмногу за овој светски натпревар и она што го најавивме го остваривме, а тоа е дека ќе сториме сѐ да бидеме на врвот на светската хемија“, рече Ванчоски.

Тој минатата година освои бронзен медал и на Олимпијадата по хемија во Цирих, во конкуренцџија на 400 учесници од 100 држави.