Митревски до Владо Јовановски: Изедов г**на. Извини
Актерот Владо Јовановски во понеделникот на својот фејсбук профил објави фотографија за која напиша дека ќе ја постира се додека не му се разјаснат некои работи.
Од денес па натаму, многу често ќе ја постирам и ширам оваа историска фотографија, направена во поранешната вила на Тито, на која се, режисерот Дарко Митревски, и почитуваната претседателка на Република Македонија, госпоѓата, Гордана Силјановска Давкова!
Ќе ја постирам, сѐ, додека не ми се разјаснат некои работи. За сега, толку – напиша Јовановски и остана на зборот.
Во наредните три дена објавуваше статуси посветени на режисерот Дарко Митревски, за, како што велеше, да му се разјаснат некои работи. Денеска Јовановски го прифати извинувањето од Митревски, коментирајќи „простено да ти ѐ и од мене и од Бога“.
Извинувањето на Митревски е од три збора „Изедов гомна, извини“, сметајќи дека тие три збора многу добро искажуваат што мисли тој за нивните односи.