За влакно избегната катастрофа во Велес, избувнал пожар на 100 метри од склад со 80 тони гас

Дирекорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во обраќање на социјалните мрежи сподели дека во Велес е избегната вистинска катастрофа откако пожар избувнал во дворот на поранешната фабрика Порцеланка каде има повеќе цистерни со гас. Според него спречена е огромна експлозија благодарение на велешките пожарникари

Во кругот на стара Порцеланка се наоѓаат повеќе цистерни со гас. Пожарот е сопрен буквално на 100 метра од садовите со гас. Благодарение на храбрите велешки пожарникари пожарот е спречен. Можела да се случи вистинска катастрофа зошто таму има најмалку 80 тона гас распореден во големи садови за складирање на гас. Ако не била брзата интервенциа на пожарникарите овде ќе имало огромна експлозија која што ќе предизвикала огромна штета“ кажа Ангелов.