МВР ја потврди смртта на бизнисменот Чедомир Радомировиќ

Шеесет е седумгодишниот бизнисмен бил пронајден во село Орман нешто пред 19 часот покрај паркиран автомобил марка „лексус“ со скопски регистрации. Крвавел во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура

Бизнисменот Чедо Радомировиќ синоќа со тешки повреди на главата бил пронајден покрај возило кај село Орман, Скопско, кој откако бил пренесен на скопските клиники им подлегнал на повредите.

-Вчера во 18.50 во село Орман до паркирано возило „Лексус“ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице кое крварело во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура. Утврдено е дека станува збор за Р.Ч.(67) . Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Радомировиќ беше основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка.