Бонус „кеш“: Делењето еден милион евра од ракавот на Јанева за Абази е нормално

Податоците на базата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии покажала дека обвинителите на СЈО добиле приближно еден милион евра надоместоци.

Но, ова не беше повод Ислам Абази, обвинителот за гонење организиран криминал да ја прифати кривичната пријава што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.Напротив, тој ја одби и со тоа го затвори овој случај.

(фото: МИА)

Како што вчера објави „Сведок.мк“ Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител.

Освен надоместоците, обвинителите добивале основна плата и плус додатоци од 35 %.

Oбвинителите во просек добивале  од 70.000  до 107.000 евра, покажуваат податоците од алатката „Отворени финансии“. Па така,Јанева сама на себе си доделила 157.000 евра.

Лиле Стефанова зела надоместоци од 93.000 евра а Рустеми 90.000. Фатиме Фетаи зела 87.000 , Бубевски 86.000 а Ленче Ристоска 84.000.