Во „министерството на Груби“ над 90 % од вработените се Албанци, А САМО ПЕТМИНА МАКЕДОНЦИ!

Принципот на правична застапеност очигледно воопшто не важел во доскорешното Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, сега Министерство за односи меѓу заедниците, а кое до скоро беше предводено од Артан Груби.

Новиот министер Иван Стоилковиќ за Канал 5 вели дека над 90 % од вработените се Албанци, но дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.

– Од вкупно 294 вработени само петмина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа ќе бидат дислоцирани од Министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.

Comments are closed.